back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаКУЛТУРАСценаДенес роденде...

Денес роденден прославува нашиот познат пејач Ламбе Алабаковски

Ламбе Алабаковски е роден на 15 ноември 1987 година во село Љубојно, Преспа.

Тој покажал интерес за музиката уште како дете. Станал познат откако победил на М2 продукција „Плеј – потрага по ѕвезди 2004″. Неговиот прв хит бил Спаси ме, компониран од страна на познатиот македонски композитор Дарко Димитров. Заедно со него биле откриени и новите М2 ѕвезди Елена Ристеска и Александра Пилева. Во 2005 тој ја снимил својата втора песна Каде песно моја, компонирана од Славе Димитров.

Во 2005 година тој заедно со Александра Пилева отпатувал во Брашов, Романија каде учествувал на фестивалот Golden Stag. Во октомври истата година учествувал на домашниот фестивал Макфест, каде ја промовирал неговата песна Ех, да можам.

Алабаковски се натпреваруваше на македонскиот избор на песна за Евровизија Скопје фест во 2007 годиа. Тој ја изведе песната „Бело е се“ која е напишана од Елена Ристеска, а компонирана од Роберт Билбилов. Исто така, Алабаковски се натпреваруваше на истиот фестивал во 2008 година со песната „Земјо моја“.

На личен план, во 2013 година се оженил со Магдалена Лена Јовчевска. Алабаковски пет години живеел во Америка, но во јули 2021 година се вратил во Македонија.

Во 2006 година неговата песна „Море од солзи” беше прогласена за хит на годината според слушателите на Радио Фортуна.

Редакцијата на Екран му го честита роденденот на Ламбе и му посакува многу здравје и успешна музичка кариера.

The post Денес роденден прославува нашиот познат пејач Ламбе Алабаковски appeared first on ekran.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари