Јордан Плевнеш е роден на 29 октомври 1953 година, во Слоештица-Демирхисарско, како второ дете (постариот брат Љубе е роден 1949, а помладиот Владо 1959) во семејството на Симе Цветановски – Плевнеш, сирак, дрвар и борец меѓу Солунскиот и Сремскиот фронт и Трајанка Николова Кочовска, ткајачка, везачка и месачка. По мајчина линија потомок е на Илија Кочовски, надалеку прочуен народен раскажувач кој не знаел да пишува но оставил десет усни томови во институтот за фолклор во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во Институтот за македонска книжевност, како уредник на „Мисла“, предавал творечко пишување на повеќе европски и американски универзитети и бил амбасадор на Република Македонија во Франција.
Добитник е на повеќе награди и признанија: награда на весникот „Студенски збор“, на 23 МЕС во Сараево награда за најдобар драмски текст, вонредна награда на Стерииното позорје и др.
Кон крајот на 2013 година, обновениот објект на Македонскиот народен театар се отвори со премиера на неговата драма „Вечната куќа“ во режија на Дејан Пројковски. Женет е со Лилјана, со која ги имаат синовите Константин и Илија.
Објавени книги:
- „Еригон“ (драма)
- „Мацедонише цуштенде“ (драма)
- „Југословенска антитеза“ (драма)
- „Подземна Република“ (драма)
- „Безбог“ (драма)
- „Среќата е нова идеја во Европа“ (драма)
- „Р“ (драма)
- „Вечната куќа“ (драма)
Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и му го честита роденденот на Јордан Плевнеш.
The post Денес роденден прославува нашиот познат драмски писател и дипломат Јордан Плевнеш appeared first on ekran.