Денес роденден прославува нашата истакната теоретичарка, професорка и феминистка Катерина Колозова

    Денес роденден прославува нашата истакната теоретичарка, професорка и феминистка Катерина Колозова

    Катерина Колозова е родена на 20 октомври 1969 година во Скопје. Таа дипломирала класични студии (1992) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Филозофски факултет, Институт за филозофија, а магистрирала филозофски науки (1995) на истиот универзитет. Во 1998 година станува доктор по филозофски науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Филозофски факултет, Институт за филозофија, во програмска соработка со EHESS-Paris (Centre “Louis Gernet ”) и College de France, како стипендист за докторско истражување финансирано од Француската влада. Насловот на нејзината докторска теза гласи „Хелените и смртта: традиционални и филозофски концепти за смртта во Стара Грција и нивната рефлексија во модерното.“ Ментор на нејзината докторска теза е проф. д-р Кирил Темков, а супервизори на докторското истражување во Париз се прочуените Жан Пјер Вернан и Светлана Слапшак. Постдокторско истражување спроведувала на Универзитетот „Беркли“- Калифорнија во 2009, под водство на Џудит Батлер.

    Академска дејност:

    • Редовна професорка во Глобалниот центар за напредни студии (Global Center For Advanced Studies) во САД – Мичиген.
    • Редовна професорка по задолжителни теоретски, методолошки и изборни предмети на Институтот за општствени и хуманисички науки – Скопе (2012-)
    • Редовна професорка на родови студии и филозофија на Американскиот Колеџ од Скопје (2009-)
    • Редовна професорка по Филозофија, епистемологија и род на последипломските студии (Филозофија и род, Социологија и род, Политички студии на Југоисточна Европа, Културни студии) на Институтот за општествен и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“ од Скопје (2007-2011)
    • Вонредна професорка на родови студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ , Институт за социолошки и правно-политички студии од Скопје (ИСППИ): Последипломски програм по комуникации и социологија (1999-)
    • Визитинг професорка по родови студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Филозофски факултет, Институт по филозофија, (2009-2010)
    • Визитинг професорка по Феминистичка Филозофија и Современа компаративна филозофија на субјективитетот, на Центарот за Интердисциплинарни последипломски студии на Универзитетот од сараево (како и член на одборот на научниот совет) (2008-)
    • Визитинг професорка на Центарот за родови студии (последипломски програм) на Универзитетот од Софија (2003-)
    • Визитинг професорка на Центарот за женски студии од Белград (последипломски програм) на Факултетот за политички науки на Белградскиот Униврзитет (2006-)
    • Визитинг професорка по родови студии и медиуми на Факултетот за медиуми и комункација од Белградскиот Сингидунум Универзитет (академска година 2011-2012)

    Книги:

    • The Cut of the Real: Subjectivity in Poststructuralist Philosophy. New York: Columbia University Press, 2014
    • The Lived Revolution: Solidarity with the Body in Pain as the New Political Universal. Skopje: Evro-Balkan Press (“Identities” Series ofBooks), 2010 (на англиски)
    • The Real and ‘I’: On the Limit and the Self, Skopje: Evro-Balkan Press (“Identities” Series of Books in Theories of Identity), 2006. (на англиски)
    • Gender and Identity: Theories from/on Southeastern Europe(co-edited with Svetlana Slapsak and Jelisaveta Blagojevic), Belgrade/Utrecht: Advanced ThematicNetwork for Women’s Studies in Europe-ATHENA, 2006. (на англиски)
    • The Invisible Gender: Analysis of the High SchoolCurricula in Macedonia, Skopje: IuventasPublishing, 2006. (Written together with Mitko Cheshlarov; BilingualPublication: на англиски и македонски)
    • Хрестоматија на класични текстови во современите родови студии (уредник), Скопје, Евро-Балкан Пресс, 2003
    • Истражувања од областа на родовите студии (уредник) том 2-3, Скопје, Евро-Балкан Пресс, 2003
    • Истражувања од областа на родовите студии (уредник) том 1, Скопје, Евро-Балкан Пресс, 2002
    • Разговори со Џудит Батлер: Криза на субјектот (уредник и Crisis of the Subject(Editor and Contributor), Skopje:”Euro-Balkan” Press, 2001.
    • Хелените и смртта: антички концепти за смртта и нивната рефлексија во модерното, Скопје, Култура, 2000
    • Превод на Еврипидовата „Медеја“, препев од старогрчки, предговор и белешки. Скопје, Метаморфум, 1994

    Среќен роденден Катерина ти посакува редакцијата на Екран.

    The post Денес роденден прославува нашата истакната теоретичарка, професорка и феминистка Катерина Колозова appeared first on ekran.

    Exit mobile version