Денеска се празнува Светата маченичка Марина – во манастирот кај Охрид и денеска се случуваат многубројни чуда за кои сведочат и муслиманите

Денеска се празнува Светата маченичка Марина – во манастирот кај Охрид и денеска се случуваат многубројни чуда за кои сведочат и муслиманите

Светата маченичка Марина

Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабожци. Дури во својата дванаесетта година слушна за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крсна смрт и славно воскресна. Нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ и таа се заветуваше дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакаше да пострада за Христа.

Во Албанија пак, на планината Ланга над Охридското Езеро, се наоѓа манастир на Света Марина со дел од нејзините чудотворни мошти. Во овој манастир се случуваа и се случуваат многубројни чуда и за нив сведочат не само христијаните туку и муслиманите. Кон оваа светителка Турците имаат толкава почит, што никогаш не посакале да посегнат по светоста и имотот на манастирот. Едно време тутор на овој манастир беше Турчин.

The post Денеска се празнува Светата маченичка Марина – во манастирот кај Охрид и денеска се случуваат многубројни чуда за кои сведочат и муслиманите appeared first on ekran.

Exit mobile version