Светите маченици Кирик и Јулита
Светителката беше од благороден род. Рано остана вдовица со новороденото дете Кирик. Живееше во Ликаонскиот град Иконија и наполно беше предадена на живот во Христа. Нејзиниот син го крсти веднаш по раѓањето, а кога имаше три години, го научи на верата и на молитва онолку колку што може да прими дете на таа возраст.
Тропар
Младенци постојано кон Тебе итаат, Христе Боже, душата не знае за години, Кирик топла љубов посакувајќи, во Твоите бедра глава закрили, а мајката негова Јулита света, пред нозете Твои поклони принесе, нив прославувајќи ги, о Господи, нас заштити не, спаси и помилуј.
Кондак
Христовата маченица Јулита, носејќи го Кирика во прегратките, во подвигот храбро веселејќи се, повикуваше: Христос е пофалбата на мачениците.
The post Денеска се празнуваат Светите маченици Кирик и Јулита appeared first on ekran.