„Движи се за здравје“ – дечиња од градинки ќе учат колку е важно вежбањето

    „Движи се за здравје“ – дечиња од градинки ќе учат колку е важно вежбањето

    „Движи се за здравје“ е манифестацијата што утре Детскиот културен центар „Карпош“ ќе ја реализира во рамките на Европската недела на мобилност. Од 10 часот на Фонтана „Лотус“ ќе се одржи спортски спектакл со децата од градинките од Град Скопје. Целта на оваа манифестација е да се потсетиме дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен раст и развој на децата, како и за подобрување на моторичкиот развој уште од рана предучилишна возраст.

    Децата преку вежбањето и движењата, ќе ја откријат брзината и вештината на поминување на поставените полигони, возењето велосипед, тротинет и други спортски активности кои ги подготвивме за нив. Детскиот културен центар „Карпош“ ја реализира манифестацијата во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

    The post „Движи се за здравје“ – дечиња од градинки ќе учат колку е важно вежбањето first appeared on УМНО.МК.

    Exit mobile version