Во СВР Велес вчера околу 14.40 часот било пријавено дека на делницата од автопатот А1 Велес – Скопје, после наплатна станица Отовица, патничко возило „опел“ со кривопаланачки регистарски ознаки, управувано од Р.М.(51) од Крива Паланка, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М.(50), додека со телесни повреди другата сопатничка А.М.(23), двете од Крива Паланка, констатирани во Општата болница во Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Велес.
Текстот Две жени повредени кога возило излета од патот кај наплатната станица Отовица е превземен од МАКФАКС.