дома МАКЕДОНИЈА Два земјотрес...

Два земјотреси почуствувани во Македонија

Два земјотреси почуствувани во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 25.07.2024 година, регистрираше два земјотреси чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 125 km југоисточно од Скопје.

Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со измерена Рихтерова локална магнитуда M L 3.6, додека вториот во 18 часот и 30 минути е со локална Рихтерова магнитуда M L 2.9.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес почувствуван е од населението во градовите Берово, Делчево и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека вториот III степени според истата скала.

The post Два земјотреси почуствувани во Македонија appeared first on Локално.

Exit mobile version