Дали „Google“ нè слуша? Зборувате за нешто, па ви се појавува реклама за истото на вашиот мобилен телефон

Дали „Google“ нè слуша? Зборувате за нешто, па ви се појавува реклама за истото на вашиот мобилен телефон

Инфлуенсерот Валерио објави еден експеримент на Инстаграм и ТикТок. Имено, тој истражувал дали „Google“ ги слуша корисниците преку микрофонот на мобилните телефони, лаптопите и компјутерите. На почетокот на видеото тој најавува дека ќе зборува за играчки за кучиња, но не го изговорува тоа на глас. Додека ја истражувал темата на интернет, тој не пронашол ниту една реклама или линк поврзан со играчки за кучиња.
Откако ги затворил сите пребарувачи, Валерио почнал да зборува сам со себе за играчки за кучиња, вклучително и каде да ги купи и каква храна би зел за своето куче кое всушност го нема. Кога повторно го отворил пребарувачот и по случаен избор отишол на страницата на „Daily Mail“, бил изненаден кога забележал дека на десната страна од екранот се појавуваат реклами за играчки и храна за кучиња.

@learnwithvalerio

Follow me for more Tips 📲 #iPhonetricks #Androidtips #Samsungsecrets #smartphonehacks #technology #iphonehack #androidhack #samsunghack #techtrends

♬ suono originale – Valerio’s Tips 🇺🇸

The post Дали „Google“ нè слуша? Зборувате за нешто, па ви се појавува реклама за истото на вашиот мобилен телефон appeared first on Република.

Exit mobile version