back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТДали Трамп би...

Дали Трамп бил погоден со куршум при обидот за атентат? Во ФБИ се сомневаат!

Директорот на ФБИ се сомнева дека Доналд Трамп бил погоден со куршум за време на обидот за атентат на митингот во Пенсилванија на почетокот на овој месец.

Кристофер Вреј синоќа го информираше Конгресот за обидот за атентат врз Трамп во Батлер и ги изненади присутните со својата изјава.

„Во однос на поранешниот претседател Трамп, постои прашање дали куршум или шрапнел го погодил неговото уво“, рече Вреј, алудирајќи на можноста Трамп да бил погоден од шрапнел, а не од самиот куршум.

„Сега не знам дали тој куршум, освен што го потфатил неговото уво, можел да заврши на друго место“, додаде Вреј.

Вреј се осврна на безбедносните пропусти што му дозволија на вооружениот Томас Метју Крукс да отвори оган кон Трамп. За време на пукањето, Крукс (20) го уби пожарникар Кори Комператоре (50) и рани уште две лица, меѓу кои и Трамп.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари