back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТГутереш: Прек...

Гутереш: Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах е „прва трошка надеж“ во конфликтот

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека прекинот на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах претставува „првата трошка надеж“ во регионалниот конфликт по неколкумесечна ескалација.

Гутереш на прес-конференција во Лисабон по разговорите со португалскиот премиер Луис Монтенегро, порача дека исто така е неопходно Израел и Хезболах да бидат целосно посветени на почитување на прекинот на огнот.

Генералниот секретар на ОН повика и на итен прекин на огнот во Појасот Газа.

Примирјето меѓу Израел и Хезболах стапи во сила утринава во 4 часот по локално време, со што завршија речиси 14-месечните борби кои започнаа откако палестинската милитантна група Хамас изврши терористички напад во јужниот дел на Израел во октомври минатата година.

The post Гутереш: Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах е „прва трошка надеж“ во конфликтот appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари