дома МАКЕДОНИЈА Гужва на ГП Т...

Гужва на ГП Табановце, еве колку се чека за влез во Македонија

Гужва на ГП Табановце, еве колку се чека за влез во Македонија

На граничниот премин Табановце за влез во државата време на чекање е околу еден час, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Exit mobile version