дома ЕКОНОМИЈА Гугл незаконс...

Гугл незаконски одржувал монопол во онлајн пребарувањето, пресуди американскиот суд

Гугл незаконски одржувал монопол во онлајн пребарувањето, пресуди американскиот суд

Американски судија пресуди дека Гугл дејствувал незаконски за да го задржи монополот над онлајн пребарувањето и поврзаното рекламирање. Одлуката може да го промени начинот на кој технолошките гиганти водат бизнис во иднина.

Американското Министерство за правда го тужеше Гугл поради неговата контрола над околу 90% од пазарот за онлајн пребарување.

Во одлуката, окружниот судија Амит Мехта истакна дека Гугл платил милијарди за да се осигура дека тој е стандардниот пребарувач на паметните телефони и прелистувачите.

„Гугл е монополист и делуваше како монополист за да го задржи својот монопол“, напиша судијата Мехта.

The post Гугл незаконски одржувал монопол во онлајн пребарувањето, пресуди американскиот суд appeared first on Локално.

Exit mobile version