back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаЕКОНОМИЈАГрција и ната...

Грција и натаму е најзадолжена во еврозоната

Грција и натаму е најзадолжена земја во еврозоната, со вкупен долг од речиси 160 отсто од БДП. Сепак, таа е и земја што го отплаќа најбрзо, со намалување од 2,1 процентни поени во однос на четвртиот квартал од 2023 година.

„Евростат“ објави задолженост во ЕУ и задолженост во еврозоната за првиот квартал во 2024 година, а направи и споредба со првиот и со последниот квартал во 2023 година.

На крајот од првиот квартал од 2024 година, односот на бруто-долгот на владите во т.н. еврозона во однос на БДП во еврозоната (ЕА20) изнесуваше 88,7 %, во споредба со 88,2 на крајот од четвртиот квартал од 2023 година.

Исто така, и во целата Европска Унија односот на бруто-долгот на ЕУ во однос на БДП на ЕУ, споредбено за гореспоменатиот временски период (последниот квартал од 2023 со првиот квартал во 2024), се зголемил од 81,5 на 82 отсто.

Но, ако се направи споредба со првиот квартал од 2023 година, бројките се пооптимистички, односно односот на долгот на државите кон БДП се намалил и во еврозоната (од 90,1 на 88,7 отсто) и во целата ЕУ (од 83 на 82 отсто).

Коментирајќи ги анализите на „Евростат“, реномираниот „Политико“ пишува дека „долгот на еврозоната се зголеми во првите три месеци од годината, бидејќи Франција се бореше да ги задржи своите финансии под контрола по неколкунеделни политички превирања“.

Франција, чиј статус на финансиски обврски внимателно се следи (по намалувањето на рејтингот и политичката стабилност предизвикани од најавата за предвремени избори на претседателот Емануел Макрон), сега забележа раст на својот долг за 0,9 процентни поени од БДП во споредба со претходниот квартал. Во Западна Европа, Белгија забележа најбрз раст на долгот во однос на својата економија, со раст од 3,1 процентни поени на квартална основа.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари