дома БАЛКАН Грција: Власт...

Грција: Властите ќе ги обештетат домаќинствата погодени од пожар во близина на Атина

Грција: Властите ќе ги обештетат домаќинствата погодени од пожар во близина на Атина

Грчките власти денеска најавија дека ќе понудат итна отштета во вкупен износ од неколку милиони евра на стотици домаќинства и бизниси кои претрпеа штети од пожарот.

„Властите ќе понудат до 150.000 евра (166.650 долари) на домаќинствата, 80 отсто во форма на државна помош и 20 отсто во форма на заеми без камата, како и до 500.000 евра за уништените компании“, соопшти Министерството за финансии.

Сè уште не е јасно колку државата планирала компензација, но владин претставник за Ројтерс изјавил дека сумата ќе надмине 30 милиони евра, вклучително и 5,2 милиони евра дополнителни субвенции за погодените општини, пренесува Ројтерс.

Текстот Грција: Властите ќе ги обештетат домаќинствата погодени од пожар во близина на Атина е превземен од А1он.

Exit mobile version