Градскиот парк во Делчево ќе добие нова урбана опрема

Градскиот парк во Делчево ќе добие нова урбана опрема

Во рамки на проектот „Направи разлика“, чија имплементација со локални активности се спроведува и во општина Делчево, во наредниот период ќе се реализира активноста „Опремување и осветлување на Градскиот парк во Делчево“, информираше градоначалникот, Горан Трајковски.

Иницијативата за ваква активност е на членовите на Младинска банка – Делчево, кои се поддржани од Колеџот на заедницата – Делчево.

– Активноста опфаќа набавка и монтажи на урбана опрема односно клупи. Предвидена е замена на постојните клупи во градскиот парк во Делчево, но и поставувaње нови на неколку локации во градот. Во првата фаза од проектот, преку набавка спроведена од Општина Делчево, набавени се 10 стандардни клупи и осум клупи со должина од 31 метар, наменети за паркот кај паднатите борци и фонтаната „Бесконечност“ во Делчево – истакна Трајковски.

Втората фаза ќе биде реализирана со набавка на дополнителен број клупи од страна на Здружението „ Регионален центар за застапување“, како носител на проектот кое ќе набави уште 48 клупи.

 – Клупите ќе бидат постaвени на локации во градскиот парк, и на локации низ градот каде што е утврдена потреба од ваков вид урабана опрема. Сите  предвидени активности треба да завршат до декември годинава – појасни Трајковски 

Во Младинската банка Делчево членуваат млади од 15 до 30 години, додека претставници на бизнис-секторот и НВО-секторот од Делчево се дел од Колеџот на заедницата.

Проектот е во имплементација на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, а финансиран од УСАИД.

Exit mobile version