back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаГерманските к...

Германските компании се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата

Германските компании вработуваат помалку нов персонал и се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.

Показателот кој ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.

Особено тешка состојба владее во германското производство, каде поради падот на нарачките се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.

Текстот Германските компании се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари