back to top
1.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаБАЛКАНВучиќ и порач...

Вучиќ и порача на Сиљановска-Давкова: „Секогаш сте добредојдени, чувствувајте се како дома“

После посетата на манастирот Прохор Пчински, пред медиумите се обратија претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова.

Вучиќ рече дека со Сиљановска Давкова разговарал за проблемите што ги имаат двата народи, но и за можностите за двете земји.

„Среќни сме што денес можеме да ве угостиме, ќе ручаме и заедно. Многу сум среќен што можев да и ја честитам победата на изборите, да и посакам успешна работа во наредните години. Сигурен сум дека Србија и Северна Македонија ќе ги развива понатамошните односи меѓусебно и дека ќе работиме на проектите. На сите во Србија им честитам на Македонците голем празник и нека слават уште многу години“, рече претседателот Вучиќ.

Тој и се заблагодари на Сиљановска Давкова за посетата.

„Таа е секогаш добредојдена. Ви благодариме што ја посетивте нашата земја, чувствувајте се како дома“, истакна тој.

Претседателот на Северна Македонија се заблагодари за поканата и истакна:

„Добро е да се чувствуваш како дома, тоа ми значи многу“.

Тие претходно го посетија манастирот Прохор Пчињски.

Текстот Вучиќ и порача на Сиљановска-Давкова: „Секогаш сте добредојдени, чувствувајте се како дома“ е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари