дома СПОРТ Вториот ден н...

Вториот ден на ОИ носи балканско дерби и настап на американскиот „Дрим тим“

Вториот натпреварувачки ден на ЛОИ во Париз, носи натпревари во 27 спортски дисциплини, од кои дури во осум ќе бидат поделени медали. Меѓу нив за прв пат на игрите е и скејтбордот, а вообичаено на крајот на денот се предвидени возбудувањата во правењето.

Во колективните спортови, стартуваат женскиот одбојкарски и машкиот ватерполо турнири. Балканското дерби Хрватска – Црна Гора секако ќе привлече најголемо внимание.

ОИ ВАТЕРПОЛО (МАЖИ)
10.30 Австралија – Шпанија (група Б)
12.05 Србија – Јапонија (група Б)
15.00 Италија – САД (група А)
16.35 Хрватска – Црна Гора (група А)
19.30 Франција – Унгарија (група Б)
21.05 Романија – Грција (Група А)

Во ракометот денеска ќе ги гледаме дамите. Првата рунда носи два дерби дуели, Данска – Норвешка и Франција – Холандија.

ОИ РАКОМЕТ – ЖЕНИ
09:00 Бразил – Унгарија
11:00 Јужна Кореја – Словенија
14:00 Шведска – Германија
16:00 Данска – Норвешка
19:00 Ангола – Шпанија
21:00 Франција – Холандија

Одбојка и кошарка ќе се игра во двете конкуренции, а секако со нетрпение ќе го чекаме настапот на машкиот американски „Дрим тим“ кој за противник ќе ја има Србија.

ОИ КОШАРКА – ЖЕНИ
13.30 Шпанија – Кина (А група)
21.00 Србија – Порторико (А група)
ОИ КОШАРКА – МАЖИ
11.00 Јужен Судан – Порторико (Група Ц)
17.15 Србија – САД (Група Ц)

Сите актуелности од 33-тите Олимписки игри во Париз може да ги следите во посебната секција посветена на најголемиот светски спортски настан.


ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА

The post Вториот ден на ОИ носи балканско дерби и настап на американскиот „Дрим тим“ appeared first on .

Exit mobile version