дома ЕКОНОМИЈА Во Љубљана, З...

Во Љубљана, Загреб, Белград, Сараево и Скопје цените на квадратот од 11.000 евра до „багатела“

Во Љубљана, Загреб, Белград, Сараево и Скопје цените на квадратот од 11.000 евра до „багатела“

Граѓаните на Загреб со своите просечни годишни примања можат да купат помалку од 6 квадрати станбена површина во својот град. Ова го наведува во својот извештај Економскиот институт од Загреб анализирајќи ги цените.

Но, во помалите градови е полесно да се купи стан, за разлика од Сплит или Дубровник каде што за квадрат луѓето треба да одвојат над 30 отсто од своите приходи во текот на годината.

Средната цена на квадрат во Загреб била 2.285 евра. Но, разликите се огромни и се движат од 1.400 до 7.000 евра.

Во Словенија растат цените на недвижностите. Средната цена е над 4.300 евра, а има и цени од 5.000 евра па нагоре. Најевтините станови за 3.000 евра по квадрат во Љубљана се на периферија, стари се и треба да се реновираат. Но, од друга страна, новите згради во центарот, луксузните станови со квалитетни материјали имаат цена и од 8.000 евра по квадрат. Цените се мошне високи во однос на просечните примања.

Во Белград цените се движат од  2.200 и 2.500 евра, а во Белград на вода квадрат чини неверојатни 11.475 евра. Токму проектот Белград на вода, поттикна раст на цените кои претходно не надминуваа 2.600 евра.

Во Сараево цените се ниски, и таму пазарот не е многу активен. Во вториот квартал од 2024 година, просечната цена е 1.714 евра.  Просечната плата од 789 евра не е доволна за решавање на станбеното прашање.  Цените за недвижностите не се пристапни за повеќето граѓани.

Цената на метар квадратен стан во центарот на Скопје веќе ја надмина границата од 2.000 евра, што претставува сериозен предизвик за сите оние кои треба да го решат станбеното прашање.

Но, ако решите наместо во стан, да живеете во куќа, тогаш навистина ви се потребни сериозни финансиски средства или речиси цело богатство.

Вселива куќа (80 квадрати со околу 300 квадрати двор) веќе не може да се најде под 100.000 евра и таа цена важи само во приградските населби како Маџари, Волково, Радишани, Долно Лисиче. На други локации цените се дури повисоки.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2024 година, изнесува 40.961 денари, што значи дека многу граѓани тешко ќе го решат станбеното прашање.

 

 

Exit mobile version