Во текот на една недела санкционирани 147 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

    Во текот на една недела санкционирани 147 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

    ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 21.10. до 27.10.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 147 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.

    ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, соопшти ПОЦ.

    Текстот Во текот на една недела санкционирани 147 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version