дома БАЛКАН Во секоја инс...

Во секоја институција во Црна Гора работи по некој со лажна диплома

Во секоја институција во Црна Гора работи по некој со лажна диплома

Во Црна Гора речиси во сите институции има вработено луѓе со лажни дипломи. Ова за РТЦГ го потврди владината комисија за проверка на лажни потврди.

Вработени со фалц дипломи според досегашните податоци до кои дошла комисијата се повеќе од 25 илјади, а особено загрижува тоа што некои од нив се задолжени за образованието на децата.

-Со лажна диплома во рацете над 25.000 наши сограѓани седат во некоја од канцелариите на државната администрација или покриваат некоја функција. А, тоа се само податоците до кои дојде владината комисија за проверка на лажни дипломи. Неофицијално има повеќе, вели Зарија Павиќевиќ, член на владината комисија и додава дека не постои јавна институција во која нема луѓе со лажно знаење.

Според Павиќевиќ тие луѓе нанесуваат долготрајна штета, пред се во однос на моралните вредности, а потоа и економска, бидејќи не знаат како да ја работат работата за која се платени, а со својата несовесна работа влијаат на пропаст на општеството на долг рок.

Таа додава дека такви вработени има и во образованието и во безбедносниот сектор, а особено загрижува здравството, каде според проценките најмалку 30 отсто од дипломите се лажни.

Основниот суд во последните шест години има оформено и завршено 132 предмети за кривично дело фалсификување исправа, но правосилни се само 34.

Нострификацијата на дипломите во Црна Гора е едноставна, со што се отвора пат за фалсификатите. Само се праќа мејл на одредена адреса и дипломата се заверува. Затоа се смета дека е потребна измена на одредбата за нострификација во новиот Закон за високо образование. Исто така, за многу пријави епилогот се чека со години.

-Во регионот беа покренати обвиненија против неколку приватни универзитети кои беа затворени, а чии дипломи гордо ги носат нашите матуранти, наведува РТЦГ.

 

Exit mobile version