Продолжува неделата на шпански филм во Кинотека на Македонија. Денес, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да го погледнете играниот филм „Елиза, љубов моја“.
Елиза минува низ брачна криза и веќе девет години го нема видено својот татко Луис. По телеграмата што ја добива од сестра си Исабел, во која пишува дека татко им е тешко болен, таа ќе појде надвор од Мадрид за да го посети. Ќе остане подолго време со него, ќе ги дознае причините зошто тој ја оставил мајка им пред многу години, но и самата ќе му раскажува за својот неверен сопруг кој ја измамил со најдобрата другарка. Кога Антонио, сопругот на Елиза, ненадејно ќе пристигне во куќата, таа веќе има решено што ќе прави понатаму во животот.
Фернандо Реј за улогата на Луис во ЕЛИЗА, ЉУБОВ МОЈА, ја доби наградата за Најдобар актер на Канскиот филмски фестивал во 1977 година, а Карлос Саура беше номиниран во категоријата за Најдобра режија.
Возрасна категорија: 16 години
Влез бесплатен
ЛИЗА, ЉУБОВ МОЈА
(Elisa, vida mía / Elisa, My Love)
Игран филм, Шпанија / Куба / Велика Британија / Германија
1977, 125 мин., колор, ДЦП
Режија: Карлос Саура (Carlos Saura)
Сценарио: Карлос Саура (Carlos Saura)
Улоги: Фернандо Реј, Џералдин Чаплин, Норман Бриски, Изабел Местрес, Хоакин Инохоса (Fernando Rey, Geraldine Chaplin, Norman Briski, Isabel Mestres, Joaquín Hinojosa)
The post Во рамките на неделата на шпански филм, вечерва во Кинотека ќе биде прикажан филмот „Елиза, љубов моја“ appeared first on ekran.