Брејкденсот дебитираше на Олимписките игри во Париз. Но, очигледно тоа ќе биде (засега) единствениот настап, бидејќи овој спорт нема да биде на олимписката програма за четири години во Лос Анџелес.
Секако, оваа одлука ги разочара натпреварувачите во популарниот „брејк“ и оние кои се приврзаа за овој спорт.
– Знаевме уште пред почетокот на Игрите дека нема да го има во Лос Анџелес. Многу е разочарувачки, особено што не ни беше дадена ниту шанса да го покажеме спортот – изјави австралиската натпреварувачка Рејчел Ган.
Но, наместо брејкденс, во Лос Анџелес ќе има пет нови спортови. Според правилата воведени од МОК пред неколку години, секој град домаќин има право да вклучи неколку спортови во програмата, а Лос Анџелес се одлучи за крикет, „флег“ фудбал (фудбал со знамиња), лакрос, сквош и бејзбол/софтбол.
Крикетот на тој начин ќе биде вратен на олимписката програма за прв пат по 1900 година, бејзболот беше на програмата од Барселона 1992 до Токио 2021 година, а останатите спортови на листата за првпат ќе бидат на програмата на Игрите.