Во затворот Скопје, попознат како Шутка, на 34-годишна возраст почина син на турски градоначалник.
Се работи за Онур Ѓунај, син на Мустафа Ѓуна, градоначалник на Општината Ѓузелбахче, дел од градот Измир.
Ѓунај починал пред два дена, а од Министерството за внатрешни работи информираа дека откако му се слошило, бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде и што починал.
Лекар констатирал смрт, а неговото тело било дадено на обдукција.
Според турските медиуми тој починал од срцев удар.
The post Во затворот „Скопје“ на 34-годишна возраст почина син на турски градоначалник appeared first on еМагазин.