дома СВЕТ Во близина на...

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Египетските власти спасија 28 лица во Црвеното Море откако потона туристички брод, а потрагата по други патници и членови на екипажот продолжува.

Бродот Sea Story, на кој имало 45 луѓе, меѓу кои 31 турист од различни националности и 14 членови на екипажот, бил на повеќедневно нуркачко патување и потонал во близина на крајбрежниот град Марса Алам во Црвеното Море.

Гувернерот на провинцијата Амр Ханафи изјави дека некои преживеани биле спасени со хеликоптер и пренесени во болница.

Потрагата по останатите патници продолжува во координација со египетската морнарица и армија.

Покраината објави дека повикот за помош бил примен во 5:30 часот и дека бродот испловил од Порт Галиб во неделата и требало да се врати во марината во Хургада на 29 ноември.

Црвеното Море е популарна дестинација за нуркање позната по своите корални гребени.

Текстот Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува е превземен од А1он.

Exit mobile version