back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАВлада: Нема в...

Влада: Нема веќе турканици за вадење пасоши и лични документи

Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена, извести владината прес-служба

„Од минатата Влада наследениот проблем е решен за само четири месеци. Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите. Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име. Апелираме граѓаните да го искористат претстојниот период за да навремено се испочитува обврската“, се вели во владиното соопштение.

Текстот Влада: Нема веќе турканици за вадење пасоши и лични документи е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари