back to top
12.8 C
Skopje
01.02.2025
Google search engine
домаСПОРТФудбалВистинскиот Р...

Вистинскиот Роналдо сака да го донесе Гвардиола за селектор на Бразил

Познатиот фудбалер од Бразил, Роналдо, сака да стане прв човек на оваа јужноамериканска земја. Планира да се повлече од фудбалскиот клубски бизнис и да се посвети на други предизвици. Крузеиро веќе го продаде, Реал Ваљадолид наскоро.

Поранешната ѕвезда на Реал и Барселона дефинитивно цели кон претседателската функција во ФС Бразил, што се гледа од неговите постапки, односно бизнисот во Европа.

Претседателските избори ќе се одржат следната година, а Роналдо планира да ја поддржи својата кандидатура со звучно име за нов тренер.

Роналдо наводно планира да го донесе Пеп Гвардиола кој е во последната сезона од договорот со Манчестер Сити за селектор на Бразил.

Бразил моментално го води Доривал Жуниор. Последен пат Бразилците беа светски шампиони во 2002 година, а посебен проблем за нив беше неуспехот на домашното Светско првенство во 2014 година

The post Вистинскиот Роналдо сака да го донесе Гвардиола за селектор на Бразил appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари