Експерт за врски објаснил кои знаци укажуваат дека вашиот партнер ве изневерува…
Експерт за односи сподели видео на социјалната мрежа TikTok во кое ги објаснува знаците на кои треба да внимавате ако се сомневате дека вашиот партнер ве изневерува. Своето тврдење го објаснува со теоријата на триаголник, односно со личност која избегнува проблеми на едниот крај, вознемирена личност која се грижи за сите проблеми во врската на другиот и љубовник или љубовничка на третиот крај од триаголникот.
– Во врската постои одредена поврзаност, а кога таа врска ќе стане нестабилна или на неа ќе се додаде стрес, почнуваат анксиозни реакции. Човек кој избегнува всушност ја избегнува ранливоста, односно соочување со проблеми во врската и најчесто потоа додава трета личност во врската – рекла тиктокерката.
@kategraymmft Healing for anxious attachments is expressing needs + getting support (which is v different than triangulating!) & for avoidants it’s leaning into connection #cheating #attachment ♬ original sound – Kate Gray
Таа додава дека третото лице не мора нужно да биде некој за изневерување, туку може да биде и во деловен однос, но од друга страна, кога анксиозните луѓе не ги исполнуваат своите потреби, тие се повлекуваат во себе, што може да доведе до депресија или анксиозност.
– Значи, ако партнерот не сака да се соочи со проблемите кои ги имате во вашата врска или брак и ако почне да ве избегнува, тоа е најдобриот знак за предупредување дека се случила или може да се случи измама – заклучила таа.
Фото: Архива
The post (ВИДЕО) ЉУБОВЕН ТРИАГОЛНИК: Сликовито објаснување како да препознаете прељуба appeared first on ekran.