Бурата Берт донесе снег, обилен дожд и силни ветрови во делови на Велика Британија, што предизвика нарушување на сообраќајот. Поради невремето издадени се предупредувања за времето, како и 13 предупредувања од можни поплави.
Снег паѓа во Јоркшир и североисточна Англија поради што сообраќајот се одвива отежнато. Исто така откажани се и неколку клучни железнички рути, а граѓаните се предупредени да ги избегнуваат патувањата на север.
Жолто предупредување за снег и мраз е во сила во делови од Шкотска.
Додека за јужниот дел на Англија предупредувања за силен ветер се во сила до утревечер.
Најмалку 60.000 домаќинства, фарми и бизниси во Ирска останаа без електрична енергија поради бурата, соопшти компанијата за дистрибуција на електрична енергија ЕСБ Нетворкс.
The post (ВИДЕО) Снежна бура во делови од Европа appeared first on Локално.