Селин Дион настапи во Ријад, каде што се одржа модна ревија за да се прослави 45-годишнината од брендот Elie Saab.
Таа ги изведе песните I’m Alice и The Power Of Love и ја воодушеви публиката. Ова беше прв настап на 56-годишната пејачка откако се појави на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, каде пееше на Ајфеловата кула.
Селин на сцената се појави во златен фустан.
Продукцијата тврди дека Селин сега пеела во живо откако неодамна се појавија информации дека нејзиниот настап на отворањето на Олимпијадата бил претходно снимен.
Текстот (Видео) Селин Дион пееше на модна ревија во Ријад, ги воодушеви гостите со својот настап е превземен од МАКФАКС.