дома СВЕТ (Видео) Русит...

(Видео) Русите погодија зграда во Суми, 10 мртви, меѓу кои и две деца, 52 ранети

(Видео) Русите погодија зграда во Суми, 10 мртви, меѓу кои и две деца, 52 ранети

Десет лица, меѓу кои две деца, загинаа, а 52 се повредени вчера вечерта кога руска ракета погоди станбена зграда во североисточниот украински град Суми, соопштија украинските служби за итни случаи и војската.

Украинските служби за итни случаи преку каналот на Телеграм известија дека се на местото на несреќата и им помагаат на настраданите. Повеќе од 400 луѓе беа евакуирани.

Нападот на Суми уследи по утринските напади на Русија врз електричната мрежа на Украина. Во најголемиот воздушен напад во речиси три месеци, Русија лансираше 120 проектили и 90 беспилотни летала кон Украина, при што загинаа седум лица и предизвика голема штета на електричната мрежа.

Текстот (Видео) Русите погодија зграда во Суми, 10 мртви, меѓу кои и две деца, 52 ранети е превземен од МАКФАКС.

Exit mobile version