back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТ(Видео) Ножич...

(Видео) Ножичките на Лаутаро му пресудија на Перу, Уругвај освои бод во Бразил

Јужноамериканците го комплетираа 12.коло во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Лидерот на табелата, Аргентина со многу трид го скрши отпорот на последнопласираниот Перу, додека во дербито Бразил и Уругвај одиграа 1:1.

Во Буенос Аирес, актуелниот јужноамерикански и светски првак, Аргентина, минимално го победи Перу. Отпорот на Перуанците го скрши Лаутаро Мартинез со прекрасен гол во 55. минута. На голот му претходеше соло акцијата на Лео Меси, која ја „измеша“ одбраната на Перу, а потоа испрати центаршут кон Лаутаро. Во својот 191. настап за националниот тим, Меси ја забележа 58. асистенција.

Со тоа се израмни со Американецот Лендон Донован на првото место на листата на најдобри асистенти во историјата на репрезентативнот фудбал.

Бразил и Уругвај ремизираа 1:1 во Салвадор во бразилската сојузна држава Баија. На овој начин Бразил продолжи со променливите игри и лошите резултати, но со 18 бодови „кариоките“ не треба да се грижат околу пласманот на Мундијалот.

Уругвајците први постигнаа гол, во 55. минута погоди играчот на Реал, Феде Валверде. а само седум минути подоцна Герсон од Фламенго израмни за Бразил.



Во останатите натпревари Еквадор победи со 1:0 на гостувањето кај Колумбија и скокна на петтото место, додека Чиле ја победи Венецуела со 4:2.

Текстот (Видео) Ножичките на Лаутаро му пресудија на Перу, Уругвај освои бод во Бразил е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари