Автомобилот има толку многу копчиња што можат да ни олеснат, понекогаш дури и да ни го спасат животот, без воопшто да го сфатиме тоа. Така експертот за автомобили објасни во видеото на TikTok каде има копче во автомобилот што може да ни помогне кога не можеме да излеземе од возилото.
„Прво спуштете ги задните седишта и качете се во багажникот. На задната врата има мал црн механизам, а тоа е прекинувач што ја отвора задната врата, по што може да излезете од автомобилот“, објасни експертот.
@master_driver666 99% of people don’t know! Hidden emergency features in your car!#skills #knowledge #fpy #fyp #tips #foryou #carsoftiktok
Овој начин на отворање на вратата им помага на возачите да излезат од возилото во моменти кога автомобилот паднал во езеро или можеби река бидејќи тогаш може да биде тешко да се отвори вратата поради притисокот, а често во овие ситуации возачот се дави.
Сепак, читателите на „Експрес“ предупредуваат дека ова копче не е толку корисно како што изгледа на почетокот и откриле друг начин како да излезат од автомобилот.
„Ако сте заробени во автомобил под вода, отворете го прозорецот и пуштете ја водата. Потоа обидете се да ја отворите вратата или да излезете од прозорецот, наместо да се удавите обидувајќи се да ја отворите задната врата!“.