Нела Манчески има само 12 години но веќе забележува видни успеси. Нела вокално се школува во Музичкото училиште на Андријана Јаневска а освои Гран при на „Песните на Тоше“ изведувајќи ја „За овој свет“…
Оваа година освен на супер талент шоуто во Хрватска, Нела ја претставуваше Македонија и учествуваше на Bravo Festival Junior 2024.
Во програмата „Суперталент“, хрватската верзија на популарната светска шоу програма „Јас имам талент“, се случила сосема необична ситуација кога на сцената се појави 12-годишното македонско девојче Нела Манческа. Иако со своите пејачки способности ги импресионираше и стручното жири и многу луѓе на Балканот, една ситуација фрли сенка на нејзините вокални способности и на целиот настап.
Откако Нела Манческа од Македонија излезе на сцената за да се претстави пред жирито на шоуто „Суперталент“, кое го сочинуваат Маја Шупут, позната пејачка и водителка, Мартина Томчиќ, оперска пејачка, Давор Билман, експерт за невербална комуникација и танц, а Фабијан Павао Медвешек, актер, започнала разговор на англиски јазик, кој Фабијан продолжил да го води без трошка зачуденост. Меѓутоа, на еден член од жирито ова му било многу необично и непријатно, па морал да го прекине разговорот меѓу колегата и натпреварувачката.
„Кога дојдовме до тоа да зборуваме англиски со Македонците?“, прашала Маја Шупут, на што Мартина Томчиќ одговори: „Од кога веќе не сме во Југославија“.
Девојчето не го разбрало обраќањето на хрватски
Фабијан потоа ја прашал Нела дали ги разбира двете пејачки, но младата Македонка само кимнала со главата лево-десно, гестикулирајќи дека не знае за што зборуваат.
Je l’ moguće da će nove generacije iz Srbije, Hrvatske i Bosne morati sa Makedoncima da komuniciraju na engleskom jer se inače neće razumeti??? pic.twitter.com/nzRYWLHz8L
— Dramatično dosadan (@imam_hit) November 20, 2024
„Ни децата од Словенија не го разбираат хрватскиот јазик“, додала Мартина, а кога Маја и забележала дека разбира се, рекла дека тоа е затоа што е родена во периодот на Југославија.
Машките членови на жирито не биле оптоварени со јазичните бариери, но едвај чекале да ја слушнат песната на Витни Хјустон „I have nothing“ во изведба на 12-годишната Нела, со која таа целосно ги „купи“, ги разгали и воодушеви.
„Ова ми е несфатливо“
„Се извинувам, но незамисливо ми е некој од Македонија да разбира подобро англиски отколку српски“, „Ми се чини дека оваа сцена е многу непријатна и надреална, дури и таа клима со главата како да не разбира што зборуваат… Сакам да верувам дека сè е инсценирано“, напишале корисниците на мрежата Х, каде вирален стана клип од исечок од шоуто.
„Дали Србите и Хрватите го разбираат македонскиот јазик?
Во продолжение се огласија и Македонците, кои го „нападнаа“ авторот на твитот и сите негови истомисленици поради ставот дека луѓето од Македонија треба да го разбираат српскиот и хрватскиот јазик, па се правдаа дека „децата во училиштата учат англиски, но не и српски“, како и тоа што младите генерации растат гледајќи програми од странска продукција, додека тие ретко слушаат или гледаат српска музика и српски програми, па на крајот прашаа – колку Срби и Хрвати го разбираат македонскиот јазик?
Така Нела Манческа со својот настап направи двоен успех – воодушеви со своите изведби но и постави прашање за дискусија. Да се надоврземе со уште едно прашање- колку 12. годишници од Србија и Хрватска го разбираат македонскиот јазик.
Фото: Принтскрин/YouTube
The post (ВИДЕО) Кога Нела Манческа, по фантастичниот настап, проговорила во хрватската емисија ЖИРИТО И ЦЕЛИОТ БАЛКАН СЕ ШОКИРАЛ: Еве зошто со денови е ГЛАВНА ТЕМА НА ДИСКУСИЈА! appeared first on ekran.