back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТ(ВИДЕО) Казна...

(ВИДЕО) Казна за Хондурас, еден меч без публика поради дупнатата глава на селекторот на Мексико

Фудбалската селекција на Хондурас е казнета со играње на еден домашен натпревар без присуство на навивачи.

Хондурас е казнет поради инцидентот што се случи на натпреварот против Мексико.

Тренерот на гостите Хавиер Агире беше удрен со лименка во глава на крајот од првиот четвртфинален натпревар од Лигата на нации во КОНКАКАФ, кој заврши со победа на домаќините од 2:0.

Мексиканскиот селектор почна да крвари, по што му беше укажана лекарска помош.

Полицијата на Хондурас брзо го идентификуваше човекот кој фрли кон Агире. Тој е водач на навивачката група на репрезентацијата на Хондурас.

Реваншот од четврт-финалето е на 19 ноември во Толука.

Текстот (ВИДЕО) Казна за Хондурас, еден меч без публика поради дупнатата глава на селекторот на Мексико е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари