дома СВЕТ (ВИДЕО) Ескал...

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство

Насилните немири продолжуваат во Обединетото Кралство, каде што беше нападнат хотел во кој се сместени баратели на азил во Ротерам, во северна Англија, а премиерот Кир Стармер вети дека антиимигрантските и исламофобични насилници ќе зажалат за своите постапки.

Немирите започнаа откако три девојчиња беа убиени во напад со нож во Саутпорт, во северозападна Англија, минатиот понеделник. Поради таа трагедија, на социјалните мрежи се проширија и информации и дезинформации за наводната религија и потеклото на напаѓачите.

Полицијата го испитува 17-годишникот приведен за убиствата. Се отфрла терористичката основа на нападот, но сѐ уште не е познат мотивот. Тинејџерот останува во притвор обвинет за убиство и убиство во обид.

„Гарантирам дека ќе зажалите што учествувавте во овие немири“ или директно или „провоцирачки на интернет“, порача премиерот Стармер во обаќање до јавноста.

Вети дека неговата влада ќе стори „сѐ што е потребно за да ги изведе овие насилници пред лицето на правдата што е можно поскоро“.

На протестите на екстремистите кои бараат протерување на доселениците, имаше и контра-протести на антирасистичките движење. Во текот на викендот одјде до судири на групите.

Вакви протести во Британија не се забележани од 2011 година, по смртта на Марк Дуган, кој беше застрелан од полицијата во северен Лондон.

Премиерот Кир Стармер ја поддржува полицијата од понеделникот во борбата против она што тој повторно го опиша во неделата како „екстремно десничарско насилство“.

Текстот (ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство е превземен од А1он.

Exit mobile version