Актерката Камерон Дијаз и Џејми Фокс ги добија главните улоги во новата акциона комедија на Нетфликс, „Back In Action“. Оваа комедија го доби својот прв тизер.
Заплетот на филмот е поврзан со брачна двојка, Емили и Мет, односно Камерон Дијаз и Џејми Фокс, поранешни шпиони на ЦИА кои се принудени да се вратат во светот на шпионите бидејќи се открива нивниот таен идентитет.
Заедно со Дијаз и Фокс, во овој филм глумат и Глен Клоуз, Кајл Чендлер, Ендру Скот, Џејми Деметриу, Мекена Робертс и Рајлан Џексон. Плановите за филмот започнаа во средината на 2022 година, кога Дијаз се согласила да ја прекине нејзината актерска пауза.
„Back In Action“ ќе биде достапен на Нетфликс на 17 јуни 2025 година. Потсетуваме, Камерон одлучи да се повлече од актерството за да се посвети на семејството. Таа има две деца со сопругот Бенџи Маден и овој период го користи за да се фокусира на нив, но и да започне свои проекти.
На Самитот Fortune’s Most Powerful Women, Дијаз рекла: „Се чувствував како да морам да си го вратам животот. Тоа беше одлука што морав да ја донесам“.
Фото: Притскрин/YouTube
The post (ВИДЕО) Враќање на ѕвездите – Камерон Дијаз и Џејми Фокс во новата акциона комедија на Нетфликс, „Back In Action“: Дали веќе сте го гледале тизерот? appeared first on ekran.