back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
дома(ВИДЕО+ФОТО) ...

(ВИДЕО+ФОТО) Херој на денот – Британец вратен од пензија од неговиот син освои сребрен медал на Олимпијадата

Британскиот скокач Том Дејли освои сребрен медал на Олимпијадата во Париз, а зад неговиот подвиг се крие интересна приказна.
Дејли заедно со Ноа Вилијамс во понеделникот го освоија сребрениот медал во синхронизирано нуркање од платформа од 10 метри.

Дејли не се натпреваруваше две години пред Париз затоа што се пензионираше, иако денес има само 30 години и се врати во натпреварувањето заради својот шестгодишен син Роби.
„Да го направам ова пред мојот син кој ме замоли да се вратам е посебно. Сега имам по една од секоја боја на медал, го комплетирав сетот“, рекол Дејли.

Неговиот син му рекол дека сака да го гледа на Олимписките игри, а Дејли морал да му ја исполни желбата на Роби, а неговиот сопруг Дастин Ленс Блек со емотивна објава се огласил на Инстаграм.
„Поминаа нешто повеќе од 16 месеци откако нашиот најстар син Роби му кажа на Том дека сака да го гледа татко му како скока на Олимпијадата. Вчера Том ги бакна нашите момчиња пред да влезе во Олимпиското село во Париз 2024 година. Денеска ги однесов нашите момчиња да ја видат Ајфеловата кула затоа што Париз е еден од моите омилени градови во светот, ние сме толку горди на Том за сите жртви и неверојатна напорна работа што ја вложи за да стигне до својата 5-та Олимпијада и да ја оствари желбата на Роби!“, рекол сопругот на Том, Дастин Ленс Блек, со фотографија објавена на Инстаграм на која Том го бакнува Роби додека заминува во Олимпиското село.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dustin Lance Black (@dlanceblack)

За Британецот ова е петти освоен медал на Олимписките игри, а на ова натпреварување дебитираше на 14 години во Пекинг. Тогаш не доби медал, но следеа успешни настапи во Лондон, Рио де Жанеиро и Токио.
На домашен терен во Лондон во 2012 година беше трет и стигна до бронзата, а тој успех го повтори и во Бразил во 2016 година.
Во Токио тој повторно беше бронзен, но по пат стигна и до злато и дури тогаш стана најтрофејниот британски скокач досега.

Фото: Принтскрин/Instagram

The post (ВИДЕО+ФОТО) Херој на денот – Британец вратен од пензија од неговиот син освои сребрен медал на Олимпијадата appeared first on ekran.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари