На Еуросог не нема но затоа сме редовни учесници на Јуниор Евросонг кој оваа година се одржа во Мадрид Шпанија.
Македонските претставници Ана и Алексеј со композицијата „Маратон“, дело на Лазар и Магдалена Цветкоски, настапија како седми.
Но и покрај пласманот на 16. место (од 17 учесници), Ана и Алексеј,како што се вели во коментарите на „Eurovision Macedonia“ веќе имаат хит и ги освоија симпатиите…
Дали повторно не бевме доволно активни и гласавме бесплатно преку интернет на линкот www.jesc.tv ќе остане прашање за размислување, но факт е дека Ана и Алексеј оставија одличен впечаток.
Победи Андреа Путкарадзе од Грузија со песната „To My Mom“ (За мојата мајка).
Фото:Принтскрин/Facebook
The post (ВИДЕО+ФОТО) Синоќа во Мадрид се одржа Јуниорскиот Евросонг: Ана и Алексеј ги освоија симпатиите appeared first on ekran.