Светот на шоу-бизнисот беше изненаден од веста за разводот на познатиот актер Хју Џекмен и Дебора Ли Фурнес, а потоа веднаш почнаа гласините дека причината за нивниот развод, кој се случил во септември 2023 година, е аферата на актерот со колешката Сатон Фостер.
Се чини дека 68-годишната Дебора Ли Фурнес сега ја потврдила таа гласина. Таа на Инстаграм го „лајкнала“ видеото на блогерката Таша Лустиг, која тврди дека Хју Џекмен „побегнал поради својата љубовница“ и дека планира „полека да ја открие својата нова врска“.
„Во право си за ова. Мојата сакана пријателка Деб ќе блесне во секој момент а тој и не е толку светец“, коментирала пријателката на Дебора-Ли, Аманда де Каденет на истата објава, поттикнувајќи повеќе гласини.
View this post on Instagram
56-годишниот актер и 49-годишниот Фостер во март 2020 година почнале да работат на бродвејскиот мјузикл на Џери Закс од 1957 година „The Music Man“, кој се играл во театарот Winter Garden на Менхетен од февруари 2022 до јануари 2023 година.
„Врската на Хју и Сатон е причината поради која тој и Деб се разведоа“, рекол извор близок до Фостер, пренесува Daily Mail.
„Многу луѓе од Бродвеј го знаеја тоа, а ние го премолчивме затоа што и двајцата се толку убави и одлични луѓе. Сите ја почитуваа нивната приватност. Но, имаше афера и тие односи се преклопија. Сега тие се навистина среќни. Целиот имиџ на Хју се врти околу тоа дека тој е најубавиот актер во Холивуд, па не знае што да прави со ова сега“.
„Дебора-Ли беше заслепена кога дознала за аферата во шоуто. Очигледно тоа беше најлошо чуваната тајна на Бродвеј, а Дебора беше последна што дозна. Уште полошо, тој не сакал да признае дека направил нешто лошо!”, рекол друг извор.
Дебора и Џекмен имаат две посвоени деца, 24-годишниот син Оскар Максимилијан и 19-годишната ќерка Ава Елиот, но тешко ќе го поделат неговото наводно богатство од 180 милиони долари.
„За жена која е во брак 27 години, а потоа дознава дека нејзиниот сопруг бил неверен и ја разнишал нејзината доверба, тоа е прилично поразително животно искуство. Мислам дека многу луѓе беа шокирани од тоа што и го направи, особено затоа што таа е мајка на неговите деца, а тие поминаа три децении заедно, би било во ред да покаже малку почит“, прокоментирала пријателката на Дебора-Ли, пренесува Daily Mail.
Фото: Принтскрин/Instagram
The post (ВИДЕО+ФОТО) Поранешната сопруга на НАЈГОЛЕМИОТ „ШМЕКЕР“ НА ХОЛИВУД ја потврдила аферата со колешката? „Баш и не е толку СВЕТЕЦ, поради НЕА тој побара развод“ appeared first on ekran.