(ВИДЕО+ФОТО) ОДРЖАНА ЖДРЕПКА ЗА ОИ – Тениски класик во најава: Ѓоковиќ и Надал би можеле да играат во 2. коло во Париз

    (ВИДЕО+ФОТО) ОДРЖАНА ЖДРЕПКА ЗА ОИ – Тениски класик во најава: Ѓоковиќ и Надал би можеле да играат во 2. коло во Париз

    Шпанецот во првото коло игра против Унгарецот Мартон Фучовиќ, додека прв противник на Новак е Метју Ебден
    Се одржа ждрепката за тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз и Новак Ѓоковиќ ги дозна своите ривали, а веќе во 2. коло можеме да бидеме сведоци на спектакл.
    Српскиот тенисер во првото коло ќе игра против Метју Ебден, а потоа, доколку помине, Новак би можел да одигра класика против Рафаел Надал во второто коло.

    Шпанецот во првото коло игра против Унгарецот Мартон Фучовиќ.

    Доколку дојде до 3. коло, потенцијален ривал на Новак би можел да биде Артур Филс, а Циципас или Баез се најдобропласираните играчи кои би можеле да му застанат на патот во четвртфиналето.
    На негова страна на ждрепката се Александар Зверев, Тејлор Фриц и Лоренцо Музети, кои се негови потенцијални ривали во полуфиналето.
    Од другата страна на ждрепката, не е полесно да се стигне до финалето. Таму се Карлос Алкараз, Данил Медведев и Каспер Руд.
    Тенискиот турнир започнува ден по официјалното отворање, на 27 јули, а ќе трае до 4 август за кога е закажана борбата за златниот медал.
    Натпреварите ќе се играат на терените на Ролан Гарос и ќе започнуваат секој ден во 12 часот, а вреди да се напомене дека ќе се играат во два победнички сета.

    Фото: Принтскрин/Instagram

    The post (ВИДЕО+ФОТО) ОДРЖАНА ЖДРЕПКА ЗА ОИ – Тениски класик во најава: Ѓоковиќ и Надал би можеле да играат во 2. коло во Париз appeared first on ekran.

    Exit mobile version