„Македонија покажа дека има музика…“ рече во еден момент Перо Камиказа (Петар Георгиевски) и со право. Бидејќи за нецел месец „Борис Трајковски“ два пати беше исполнет до последното седиште и место за стоење: на 19. октомври беше концертот на Калиопи, а синоќа (16.ноември) јубилејот од 40, години со својата поублика го прослави „Меморија“, бендот кој успеа да одолее на многу искушенија и опстана цели четири децении, податок со кој ретките можат да се пофалат.
Зошто е така покажа публиката која дојде во голем број (салата беше полна),а „Меморија“ концертот го започна грандиозно – со Андријана Јаневска еден од нашите најдобри вокали. И се придружија и Поце (Апостол Икономов) и Ристо Самарџиев.
Потоа се редеа гостите кои воодушевија со својот настап, а посебен белег остави Ружица Брчиоска („Ареа“). Иако и Дани, Сара Мејс, саксофонистката Александра, дуото млади музичари се вклопија во големината на она што го приреди „Меморија“… Посебен белег пак остави видеото со Симон Трпчески кој кажа неколку пригодни зборови а потоа отсвири, на својот клавир, една од неговите омилени песни од „Меморија“…
Како беше сето тоа погледнете во видеата…
Публиката пак исто така воодушеви. Пееше, танцуваше…а посебно воодушевија младите кои и не биле родени кога „Меморија“ имаше некои од нивните најголеми хитови. Беше убаво да се види и слушне кога пеат со Поце или Ристо, како се возбудени што се на лице место – на концертот на „Меморија“.
И,како што вели името на бендот (Меморија) ни оставија многу нешта во сеќавање од синоќешниот концерт.
Останува да се надеваме дека ќе го исполнат најавеното- ќе издадат нов албум и дека нема долго да чекаме на уште еден нивен концерт.
Г.О.
Фото и видео: Јасмина Лукановска
The post (ВИДЕО+ФОТО) „Меморија 40 години“: Концерт за сеќавање во наредните децени! appeared first on ekran.