Ако за концертот од 2018 година Марија Шерифовиќ велеше дека е посебен и ќе и остане во трајно сеќавање, тогаш тоа што публиката и го приреди синоќа во „Борис Трајковски“ сигурно ќе биде нешто незаборавно за цел живот.
Присутните и приредија безброј изненадувања. И на моменти кога ги најавуваше новите песни од последниот албум „Долази љубав“ Марија беше во шок бидејќи публиката ги пееше песните, се по ред, и интонативно и секоја буква. За секој изведувач тоа е само позитивна вибрација од верната публика на која ниту Марија не остана рамнодушна.
Ги пееше песните но покрај себе имаше неколку илјаден хор кој на моменти пееше сам.
Беше повеќе од очигледно дека сите присутни во „Борис Трајковски“ уживаа во овој до сега невиден концерт. Бидејќи како и сите други изведувачи и Марија во своите изведби има места каде ја остава публиката да пее. Но, не овојпат, не овие луѓе од синоќа кои пееа со неа. Од почеток до крај.
Во скоро тричасовниот концерт на прсти можат да се набројат песните кои Марија, делумно, ги испеа сама.Тоа беше вечер кога илјадници луѓе дишеа и пееа во ист ритам и кои на популарната пејачка и покажаа колку мноху ја сакаат но и колку многу ТАА им недостигаше во изминатите шест години.
Марија Шерифовиќ со нејзиниот бенд приреди вечер полна со позитива но и изненадувања. На пример кога испеа две песни од најдобрите вокали на овие простори- Здравко Чолиќ и Тоше Проески. Или кога на евровизиската „Молитва“ едноставно ја остави публиката да и ја испеа а тие пееа со полни грла… Или пак кога Марија од бината повика неколку жени кои две по две (а во еден случај и три) стоеа сами. Го повика на бината а потоа заедно со нив запеа…Но и ги праша што мислат за неа и зошто ја сакаат, а последната одговори „го обединуваш народите“ и погоди во центар. Тоа уште повеќе ја разгали веќе ептен добро расположената Марија која малку зборуваше за државите во кои живееме, за Македонија, за концертите и продолжи до крај во нејзиниот стил – полна со енергија и љубов за сите присутни…А присутните и вратија со тоа што ја слушаа па пееа, и направија ѕвездено небо со мобилните…
Ниту, за некој, зборови кои таа ги кажува на секој концерт- дека оваа публика е најдобра од секаде каде што била не беа туку така кажани. Енергијата и љубовта која Марија ја споделуваше со присутните кои едноставно пееа во нејзин стил се чувствуваше, можеше да се допре.
Марија Шерифовиќ приреди концерт за паметење но и доби многу поизитивна енергија која сигурно долго ќе ја чувствува…
Г. Оџакова
Видео и фото: Јасмина Лукановска
The post (ВИДЕО+ФОТО) Марија Шерифовиќ доживеа концерт кој публиката не и дозволи да го заборави – Толку многу љубов и позитива досега во Скопје не е видено! appeared first on ekran.