Вечерва во Драмски ќе биде изведена претстава „Драми на принцезите“

    Вечерва во Драмски ќе биде изведена претстава „Драми на принцезите“

    Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Драми на принцезите“ од Елфриде Јелинек а во режија на Жива Бизовичар.

    Циклусот постдрамски текстови Драми на принцезите со поднаслов Смртта и девојката, нобеловката Елфриде Јелинек го пишува на преминот на векот и го завршува во 2002 година, како феминистичко дополнување на бајките на браќата Грим. Во циклусот, Снежана и Трнорушка веќе не се беспомошни девојки препуштени на милост и немилост на мажите, туку жени кои сакаат да ја избегнат смртта иако знаат дека обидот е осуден на пропаст. Смртта им е веќе запишана со нивните иницијали, тие можат само да ѝ се предадат и да се спасат од непотребниот напор за бегство – единственото нешто што можат да направат со смртта е да ѝ се доверат, да разговараат со неа за својата приказна. За разлика од нив, Џеки (Оназис) е смрт сама за себе. Ракот ја глода, а таа, претворена во статуа, на публиката ѝ ја раскажува својата „вистинска“ приказна: била принудена да стане совршена жен(ск)а, префинета слика, темнина во која не може да проникне ниту светлината на Мерилин Монро, која ја прогонува. Во Ѕидот, последниот дел од циклусот, Ингеборг Бахман и Силвија Плат, две големи писателки кои ги засенија своите мажи кои исто така беа писатели, се обидуваат да го пресоздадат светот. Туркаат низ ѕидот, но не можат да го скршат или да го исчистат за да видат што има зад него. Мора да најдат друг начин.

    Играат:
    СНЕЖАНА – Јелена Жугиќ
    ЛОВЕЦОТ – Нина Елзесер
    ТРНОРУШКА – Биљана Драгиќевиќ – Пројковска
    ПРИНЦОТ – Сара Климоска
    ЏЕКИ – Трајанка Илиева Вељиќ
    ИНГЕБОРГ – Јасмина Василева
    СИЛВИЈА – Ивана Павлаковиќ

    Инспициент: Жарко Намичев
    Суфлер: Милка Анчевска

    Премиера: 15.11.2024

    Превод од германски јазик: Катерина Шекутковска
    Прв драматург: Ник Жнидаршиќ
    Втор драматург и редакција на превод: Викторија Рангелова – Петровска
    Сценограф и автор на музика: Јан Крмељ
    Костимограф: Александар Ношпал
    Дизајн на светло: Жива Бизовичар, Јан Крмељ и Ник Жнидаршиќ
    Сликар-изведувач: Ѓорѓи Ѓорѓиевски
    Музичко-вокален консултант: Ива Дамјановска
    Фотограф: Стефан Стамандов

    Возраст: 16+

    Информации и резервации на 076/434343

     

    The post Вечерва во Драмски ќе биде изведена претстава „Драми на принцезите“ appeared first on ekran.

    Exit mobile version