Повеќе од 1,6 милиони луѓе во Сао Паоло денеска се без струја повеќе од 16 часа по кратката, но моќна бура што го погоди најголемиот град во Јужна Америка.
Официјални лица во бразилската држава Сао Паоло објавија дека синоќа рекордните налети на ветерот до 108 километри на час урнале далноводи и откорнале дрвја, предизвикувајќи сериозни штети во некои делови на државата, пренесе ABC News.
Поради невремето затворени се неколку аеродроми, а во неколку области е прекинато водоснабдувањето, соопшти владата на Сао Паоло.
Властите првично очекуваа да ја вратат струјата за неколку часа.
Сепак, неколку населби во градот со 21 милион жители сè уште се во темнина и властите апелираа до жителите да ја ограничат потрошувачката на вода. Најмалку пет лица загинаа во невремето.
São Paulo sendo São Paulo
Do nada uma visita rápida do Milton pic.twitter.com/AqTWj2stzY
— Corotinho (@LeticiaOlli29) October 11, 2024