дома СПОРТ Бундеслигашот...

Бундеслигашот Мелсунген ја потврди фаворитската улога против Вардар

Ракометарите на Вардар претрпеа убедлив пораз на гостувањето кај германскиот претставник во Лига Европа Мелсунген. Бундеслигашот го доби дуелот од второто коло од „Ф“ групата со Вардар со 34:18 (17:10).

Резултатска неизвесност имаше само на почетокот на дуелот кога беше резултатот 1:1, по што следуваше серија од 4-0 за Мелсунген и водство од 5:1. Тајм-аутот на вардарци во 7-та минута, донесе резултат во играта на македонскиот тим, но само за кратко. Германскиот тим брзо стигна и до +6 (9:3). По 10:4 за Мелсунген, Вардар ги одигра најдобрите минути на дуелот и ја намали негативата на 11:9. Сепак до крајот домашниот тим имаше уште една серија од 6-1 за на полувреме да биде 17:10.

Лошо „отворање“ и на вториот дел за Вардар и Мелсунген поведе со 21:10 по серијата од 4-0 и следуваше нов тајм-аут за Вардар. Екипата на Мелсунген во 51.та минута за првпат ги имаше и највисоките на дуелот +16 (30:14).

Јан Баруфет, Елвар Јонсон и Адриан Шипош кај Мелсунген со по 5 голови беа најефикасни, додека кај Вардар Младен Крсманчиќ постигна 4.

На чело на табелата Мелсунген е прв со 4 бодови, пред Вардар со 2, додека вториот дуел од групата меѓу Валур и Порто е во тек.

Во следното коло Вардар во вторник на 22 октомври на домашен терен го игра дуелот со Порто.

The post Бундеслигашот Мелсунген ја потврди фаворитската улога против Вардар appeared first on .

Exit mobile version