back to top
2.8 C
Skopje
01.02.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАБугарското МН...

Бугарското МНР ѝ честиташе на Шекеринска за новата функција во НАТО

Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија ѝ честиташе на поранешната министерка и вицепремиерка Радмила Шекеринска за нејзиното именување за следен заменик-генерален секретар на НАТО. Ова се наведува во објава на бугарското министерство на платформата „Х“.

Бугарското МНР на Шекеринска ѝ посакува успех во нејзината идна одговорна професионална улога.

Официјална Софија изразува благодарност и до неодамна заменик-генералниот секретар на Алијансата, Мирчеа Џоана.

Честитка за новата функција на Шекеринска, пред еден ден упати и шефот на бугарската држава Румен Радев. Тој изрази надеж дека екс-министерката со својата работа ќе придонесе за зајакнување на колективната одбрана и безбедност на воената алијанса.

Од македонската Влада се уште не се огласија за поставувањето на Шекеринска.

The post Бугарското МНР ѝ честиташе на Шекеринска за новата функција во НАТО appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари