Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад врз училиште во Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа се искачи на најмалку 30, а повеќе од 100 лица се повредени, соопштија палестинските здравствени власти.
Претходно беше објавено дека повеќе од 24 Палестинци, меѓу кои и деца и жени, се убиени во нападот на училиштето во кое се сместени голем број раселени лица, пренесува Ројтерс.
Официјални лица најавија дека бројот на загинати би можел да биде поголем, бидејќи операциите за пребарување и спасување сè уште се во тек.
🚨Horrific scenes following Israeli airstrikes that bombarded a school sheltering displaced Palestinians in Deir al-Balah central #Gaza Strip
The latest toll confirms at least 31 killed and dozens injured.Netanyahu: We didn’t kill ANY civilians‼️ pic.twitter.com/cQiuEyPEqo
— Nour Naim| نُور (@NourNaim88) July 27, 2024