Во обид да ја привлече младата публика, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) воведе нова спортска дисциплина на претстојните Олимписки игри, која, всушност, е танц. На претстојните Олимписки игри во Париз (26 јули – 11 август) ќе видиме 10.714 спортисти во 32 спорта и во 329 различни дисциплини и на листата на олимписки спортови за прв пат е додаден брејкденсот.
Станува збор за урбан танцов стил, кој потекнува од Соединетите Американски Држави, во седумдесеттите години на минатиот век. Со корени во хип-хоп културата, првпат се појави на забавите во Бронкс (Њујорк), а се карактеризира со акробатски потези, стилизирана работа со нозете и со уште неколку споредни работи.